Може ли некој да му одзеде сет: Фантастичниот Медведев граби кон финалето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во полуфиналето на овогодинешниот УС Опен ќе играат Карено Буста и Зверев, како и Медведев и Тим.

Најдобриот тенис од четворицата споменати тенисери го игра Данил Медведев, кој го исфрли Андреј Рубљев во четвртфиналето со 3:0.

Досега ги порази Делбонис, О’Конел, Волф, Тианфо и се уште нема изгубено ниту еден сет.

Гледајќи ги фактите, Медведев е првиот фаворит за освојување на овогодинешниот УС Опен, а тоа го поддржува и фактот што го загуби сервисот само три пати.

Следен противник му е Доминик Тием, кој го победи Алекс Де Минаур со 3:0.