„Мозокот“ на Милан се сели во Англија!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Младата ѕвезда на Милан, Сандро Тонали привлече интерес на многу европски гиганти, а еден од нив е Арсенал, па тренерот Микел Артета сака да го купи ова лето.

Англиските медиуми објавија дека биле почнати преговори меѓу двете екипи, но на листата со желби на врвот бил Јури Тилеманс, а доколку Арсенал не успее да го купи, тогаш Артета ќе тргне по Тонали.

Тонали нема да биде евтино засилување, па се шпекулира дека „топчиите“ за неговите услуги ќе мора да платат околу 50 милиони фунти.

Италијанскиот репрезентативец најпрво играше во Бреша од 2017 до 2021 година, при што анстапи на 88 меча и постигна шест гола, по што се пресели на позајмица во Милан, кој го откупи неговиот договор во 2021 година.