Му нема рамен во Серија А: Буфон ја промени историјата!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон се запиша во историјата на италијанската Серија А. Тој со 42 години и девет месеци стана апсолутен рекордер во шампионатот по бројот на настапи, а синоќа го одигра својот 650. натпревар во елитната лига.

Буфон дебитираше во Серија А пред 25 години. Колку е тоа одамна доволно говори податокот што 7 од десетте соиграчи на вчерашниот меч се уште не биле родени кога голманот застанал меѓу стативите во далечната 1995 година.

Демирел, Артур, Бентакур, Киеза, Фработа, Кулушевски и Портанова на свет дошле после дебито на „Гранце Џиџи“.

До овој момент Буфон има 917 одиграни натпревари во кариерата, на кои 410 пати го зачувал својот гол.