Му нудеа да замине во Полска на безбедно, а тој зема пушка да се бори против Русија!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Војната меѓу Русија и Украина трае веќе осум дена, па засега нема знаци дека конфликтот би можел наскоро да заврши.

Русија ги изненади сите со инвазијата на Украина по наредбата на претседателот Владимир Путин, а многу познати личности се приклучија на армијата на нападнатата држава.

Дел од фудбалерите решија да облечат воена униформа и да земат оружје во рака за да ја бранат татковината од руските напади, а меѓу нив е и Виктор Корниенко.

Корниенко игра во Шахтјор од Доњецк, кој е окупиран од Русите, па добил понуда да замине на безбедно во Полска, но тој го одбил предлогот и решил да замине во војна.