Му пропадна трансферот во Милан, но ќе си обезбеди летен премин во Челси?


Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите ↓↓↓


Младиот и талентиран лев бек од Виган, Антони Робинсон со сигурност ќе си замине од членот на Чемпионшип лигата во летниот преоден рок.

Робинсон беше пред трансфер во Милан, беше и на медицински прегледи во Милано, меѓутоа трансферот не се реализираше поради одредени барања на италијанскиот клуб кои ја забавија процедурата за која потоа немаше време да се комплетира.

Сега Робинсон се поврзува со трансфер во Челси кој е подготвен да плати 10 милиони фунти за неговиоте услуги. Освен Челси, за Робинсон има интерес од Астон Вила и Њукасл, па јасно е дека тој следната сезона со сигурност ќе игра ниво погоре.