Му се јави на Гвардиола и побара да игра, но залудно: Не знаев дали земал нешто…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер сити продолжи со освојување на нови трофеи во Англија. По подоброто изведување на пенали против Ливерпул, „граѓаните“ го освоија Комјунити Шилд.

Ријад Марез не играше на мечот, иако беше подготвен, меѓутоа Пеп Гвардиола не сакал да го користи поради можен анти-допинг тест.

Шпанскиот тренер по мечот кажа дека Марез му се јавил и побарал да игра, но тренерот не сакал да ризикува.

„Марез ми се јави и ми кажа дека сака да игра, но јас му реков дека не сум сигурен дали конзумирал некакви лекови. Односно постоеше опасност од допинг, па капките за очи кои ги користел можеа да направат проблеми“, вели Гвардиола.