„Мундо Депортиво“ јавува шокантен расплет на кризата во Барселона: Меси си оди на лето без никакво обесштетување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Изминативе неколку денови фудбалска Шпанија зборува за несогласувањата во редовите на Барселона.

Имено постои несогласување меѓу Ерик Абидал и Лионел Меси по еден коментар на техничкиот директор на Барселона дека играчите се тие кои го изркале Ернесто Валверде од клубот.

Денес беше закажан состанок помеѓу претседателот Жозеп Мариа Бартомеу и Ерик Абидал на кој се очекуваше Абидал да добие отказ. Сепак, по средбата техничкиот директор на Барса добил поддршка од претседателот на клубот и со сигурност нема да си оди по оваа криза.

Ваквиот потег го налутил Лео Меси кој веќе почнал да размислува за замнување од клубот. Весникот близок до Барселона пренесува дека Меси би можел да ја разгледа опцијата која ја има во неговиот договор и која му дозволува да си замине без никакво обесштетување во летниот преоден рок.

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити од блиску ја следат ситуацијата поврзана со легендата на Барселона.