Мундо Депортиво открива: Ова е причината поради која Јовиќ и кажа „НЕ“ на Барселона…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот напаѓач, Лука Јовиќ ја воодушеви фудбалска Европа.

Фантастичниот фудбалер на германски Ајнтрахт со одличните настапи во дресот на овој тим, привлече големо внимание на себе и си осигура голем трансфер.

Пред неговата врата стојат сите европски великани. Се поврзува со Барселона, Баерн, Реал, ПСЖ и Ливерпул, но Јовиќ се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата.

Проблем засега претставува цената. Франкфурт бара 70 милиони евра, додека сите екипи нудат околу 50 милиони евра, со исклучок на Барселона која се откажа од трансферот.

„Лука има понуди. Една од нив е и од Барселона, но тој не е заинтересиран“, истакна таткотко на Лука, и додаде:

„Лука сака да игра во Лигата на шампионите. Меѓутоа, не е сигурен дали стандардно би играл во Барселона“, истакна постариот Јовиќ.

Барселона имаше интересен план за српскиот напаѓач. Сакаа да го осигураат неговиот потпис за следната сезона, но да остане во Ајнтрахт и следната сезона.

Тоа Јовиќ го одби. Не сака да чека на голем трансфер, ја одби Барселона, а Мундо Депортиво тврди дека 21-годишниот фудбалер сака трансфер во Реал или Баерн.

Сепак, засега ниту од таму не пристигнуваат позитивни сигнали. Баерн се одлучи за други опции, додека Јовиќ на мадридски Реал не му е моментално на врвот на приоритетната листа.

Јовиќ така ќе почека одреден период да го дознае новиот тим и останува да се види дали направил грешка со одбивање да премине во редовите на каталонскиот великан.