Мурињо дозна што кажа Гвардиола, па му одговори – брутално!


Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓


Пеп Гвардиола привлече многу внимание кога влезе во препукување со навивачите на Ливерпул минатиот викенд, а многумина го споредија тоа со она што го правел Жозе Мурињо. Сепак, Пеп го коментираше тоа и „боцна“ Португалецот, а Посебниот не му остана должен и реши да му одговори.

Манчестер Сити минатиот викенд беше поразен во дербито на Енфилд од Ливерпул со 2:0 што беше четврти последователен пораз на Граѓаните во првенството, а навивачите на Црвените не беа милостиви кон Гвардиола.

Тие скандираа на шпанскиот стратег дека ќе добие отказ, а тој реши да им одговори и дигна шест прсти со што алудираше на бројот на освоени титули со Граѓаните во Премиер лигата.

Англиските медиуми тоа го споредија со Жозе Мурињо кој правел исто кога противничките навивачи го провоцирале додека ги водел Манчестер Јунајтед.

„Се надевам дека тоа нема да ми се случи. На крајот можеби сум сличен на Жозе само што тој освои три, а јас шест трофеи”, рече Гвардиола.

И како што се очекуваше, изјавата на Гвардиола стигна до тренерот на Фенербахче кој реши да му возврати на шпанскиот тренер на свој начин.

„Гвардиола зборувал нешто за мене вчера? Тоа дека освоил шест, а јас три трофеи… Разликата е што јас ги освоив чесно и чисто. Ако изгубам сакам да му честитам на противникот што бил подобар од мене. Не сакам да победувам и да се соочувам со 150 разни обвинувања“, порача Мурињо.