Мурињо и Тотенхем ќе имаат пеколно тешка задача на гостувањето во Германија: Лајпциг со сиот плен замина од Лондон (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Ред Бул Лајпциг славеше голема победа на денешното гостување во Лондон кај екипата на Тотенхем.

Германците славеа со 1:0 против тимот предводен од Жозе Мурињо и стекнаа значителна предност пред реванш натпреварот од осминалфиналето од Лигата на шампионите.

Стрелец на единствениот погодок на средбата беше најдобриот играч на Лајпциг, Тимо Вернер кој беше прецизен од белата точка во 58. минута.

Мурињо има сериозни проблеми во пресрет на вториот реванш натпревар затоа што на истиот ќе настапува без класичен напаѓач, нешто што беше случај и вечерва.