Мурињо инсистираше на него, а сега веќе му кажува „збогум“ на Јунајтед…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо инсистираше на доведување фудбалер кој игра на позицијата стопер, сега Оле Гунар Солскјер не е баш задоволен.

Дали во Манчестер Јунајтед ќе дојде до промена во стоперската линија?

По се судејќи – сака.

Виктор Линделоф дојде на инсистирање на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед, но по заминувањето на Португалецот постои можност да биде продаден.

Неколку клубови се заинтересирани за овој 24-годишен фудбалер, а понудата би можела да следи од страна на Вулверхемптон.

Солскјер како што се наведува најмалку е задоволен со одбраната и ќе се обиде со промена да дојде до подобри резултати следната сезона.