Мурињо изневерен од сопругата, а неговиот брат фотографија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жоржињо Вијналдум, далеку е најдобар и најефикасен играч на Њукасл во сезоната кога испаднаа во втората лига, а само после година дена се преселува во Ливерпул.

Веста на Твитер ја објави братот на играчот Гордон со тоа што постави слика со Жоржињо во дресот на Ливерпул и му посака добредојде.

Фамилијата Вијналдум така отидоа чекор понатака од Ибрахимовиќ, бидејќи тогаш наместо клубот, играчот на друштвените мрежи објави трансфер во Јунајтед, сега наместо новото засилување на Ливерпул го направи неговиот брат.

Но, англиските медиуми истотака наведуваат дека официјална потврда на трансферот е прашање на време, односно кога Њукасл, кој во минатото на ПСВ уплати 20 милиони евра, ќе објави дека за пола повеќе пари ќе го продаде во Ливерпул, кој ќе се приклучи на турнејата по Америка после што ќе ги помине лекарските прегледи.