Мурињо ја прокоментира работата на Лампард во Челси: Ги има сите услови да биде…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Жозе Мурињо истакна дека верува дека Френк Лампард ги има сите услови за да биде успешен во редовите на Челси.

Младиот стратег седна на жешкото столче на „Стемфорд Бриџ“ откако Маурисио Сари си замина во Јувентус, а сега Лампард доби поддршка од неговиот поранешен менаџер, Жозе Мурињо.

„Една работа е да си играч, друга да си менаџер. Како играч, верувам дека фановите на Челси ќе се согласат со мене, беше еден од петте најважни во историјата на Челси, а некој ќе рече можеби и во топ три фудбалери на Челси. Сосема друго е водењето на клубот. Една година искуство во Дерби каде покажа квлаутети, а сега го има Челси во неговите раце. Игра на големо. Ќе игра Лига на шампиони, играше во Супер Купот, веќе имаше големи натпревари во своите раце, и мора да се усоврши во поглед на искуството. Има предиспозиции да успее во Челси“ –заклучи Мурињо.