Мурињо му возврати на Солскјер: Ќе се обидам да си најдам работа како таа на Оле


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер денеска имаше прилично остар пристап во медиумите и упати жестоки коментари кон Жозе Мурињо.

„Специјалниот“ претходно изјави дека Јунајтед бил подобар во негов период, нешто на што сега одговор даде Оле Гунар Солскјер.

Сепак, Жозе повторно реагираше и му возврати на тренерот на Манчестер Јунајтед.

„Судејќи по тоа што го читав и гледав оваа недела, Оле и господинот Ед Вудвард направија добра работа во клубот, а имаат и добар ПиАр за на сите да им докажат дека се обидуваат да направат позитивна атмосфера. Добро го изведоа тоа. Тоа што  го разбрав е дека прават тим за иднината. Ќе се обидам да најдам работа како на Оле, каде ќе зборувам само за иднината и ќе бидам целосно изолиран од резултатите во сегашноста “ –изјави Мурињо.