Мурињо не издржа долго – му беа потребни 10 дена за да си најде нова работа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред 10 дена Жозе Мурињо доби отказ од Тотенхем, но не чекаше долго пред да најде работа. Португалецот овој пат нема да го гледаме во улога на тренер, туку во улога на критичар.

Иако е навикнат често да биде критикуван, сепак Мурињо ќе дели критики во иднина, откако британски „Сан“ го вработи како главен колумнист за Европското првенство (ЕП).

Мурињо ќе има колумни секој ден од 11 јуни до 11 јули и ќе пишува за натпреварите од ЕП, а најчесто тие ќе бидат за англиската фудбалска репрезентација.

Мурињо од 2019 година работеше во Тотенхем, каде што не се прослави за разлика од некои поранешни клубови во кои освојуваше многу титули.