Мурињо нè „прослави“: Цел свет дозна за стативите на Националната арена (ФОТО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тотенхем славеше со 3-1 против Шкендија во мечот од третото квалификациско коло од Лига Европа, но во центар на внимание е коментарот на Жозе Мурињо пред самиот старт на натпреварот.

Мурињо зборуваше за димензиите на стативите на голот, па сега може слободно да кажеме дека цел свет ни се смее поради тоа.

„Пред мечот беше интересно тоа што голманот ми кажа дека голот е мал. Веднаш проверив и навистина беше мал. Потоа го побаравме делегатот на УЕФА да дојде и да потврди дека голот е помал дури 5 см“, кажа Мурињо.