Мурињо одбил неколку европски клубови поради – Реал Мадрид!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Контроверзниот тренер Жозе Мурињо е желба на неколку европски клубови, откако уште нема работа, иако доби отказ од Манчестер јунајтед на крајот на минатата година.

Мурињо досега го побарале неколку клубови, меѓу кои Бенфика, Монако, Лил, Милан и Шалке, но Португалецот одбил да преговара со нив.

Португалските медиуми пишуваат дека Мурињо тоа го направил, зашто чека можност и евентуална понуда од Реал Мадрид, кадешто работеше порано.

„Кралевите“ не ја почнаа најдобро сезоната, па поради тоа Зинедин Зидан не е сигурен на тренерската клупа и сега Мурињо очекува управата да му даде отказ, по што сака да се врати во Мадрид.