Мурињо одговори дали неделниот натпревар против Лестер ќе биде последен за една ѕвезда на клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се шпекулира дека натпреварот кој Тотенхем ќе го одигра против Лестер на „Вајт Харт Лејн“ ќе биде последниот за Јан Вертонген на домашен терен.

Белгискиот репрезентативец ќе остане без договор по крајот на сезоната и се уште не е јасно дали тој ќе го продолжи договорот со тимот на Тотенхем.

„Не можам да кажам дали ќе остане, не е на мене да го кажам тоа. Некој кој е во клубот осум месеци не можеда зборува за некој кој е осум години во клубот. Она што можам да го кажам е дека секој ден е задоволство да се работи со ова момче“ –изјави Мурињо.