Мурињо откри која желба во Манчестер не му е исполнета


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ренато Санчез уште пред почетокот ЕП го промени клубот, па од Лисабон се пресели во Минхен.

Меѓутоа, Жозе Мурињо менаџерот на Манчестер Јунајтед откри зошто овој играч заврши во Баерн, односно зошто не го доведе во Манчестер.

„Од порано го гледам  и следам Ренато, поради него доаѓав да ги гледам натпреварите на Бенфика во претходната сезона, меѓутоа, кога потпишав за Јунајтед, барав да го доведат во екипата, но тие не сакаа. Тоа се случуваше во мај, а месец дена после овој играч ја покори Европа, и до него побрзо стигна Анчелоти, иако можеше да биде наш пред Евро, но челниците не сакаа така“, заклучи Мурињо.