Мурињо по дебаклот: Подобро да загубите еднаш со 0-4, отколку четири пати со 0-1!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома синоќа доживеа дебакл на гостувањето кај Удинезе (0-4), а тренерот Жозе Мурињо најде оправдување за неуспехот.

Мурињо сигурно не е задоволен со поразот од 0-4 кај Удинезе, но сепак смета дека е подобро да се загуби еднаш убедливо, отколку четири пати со по 0-1.

„Против тимови како Удинезе не смеете да губите со 0-1, затоа што се бранат и опасни се на контра-напади. Ако примите гол, тогаш сте во проблем. Имавме шанси за пресврт, но не ги искористивме. Подобро е еднаш да загубам со 0-4, отколку четири пати со по 0-1“, вели Мурињо.

Ова е третпат за Мурињо да загуби со четири или повеќе голови разлика, а најтежок пораз му е од Барселона со 0-5, кога го тренираше Реал Мадрид.