Мурињо по поразот во градското дерби направи скандал!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жозе Мурињо во минатото по болните порази знаеше да создаде ситуација, каде што загубениот натпревар се става во втор план.

Во градското дерби во Рим, Мурињо на клупата на Рома запиша пораз од 2-3 во фантастичен натпревар.

Португалскиот тренер беше разочаран поради поразот, а тоа може да се забележи и по мечот кога направи скандал во салата за новинари.

На Мурињо му пречеше начинот на кој бил организиран пресот од страна на Лацио, па побара да зборува со домаќините кои требаше да му објаснат за што станува збор.

Делегатот бараше од новинарите да ја напуштат салата, а да ги постават прашањата преку порака, и тоа на барање на Лацио што многу го налути Мурињо.