Мурињо стана најуспешен тренер во историјата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Рома синоќа славеше на гостувањето кај Хелсинки со 2-1 во петтото коло од групната фаза во Лига Европа и во последниот меч ќе се бори за место во нокаут-фазата, а притоа тренерот Жозе Мурињо стигна до голем рекорд.

Мурињо имаше дополнителна причина за прослава, а причина за тоа е што ја запиша 107. победа во европските натпреварувања и така го надмина легендарниот Сер Алекс Фергусон на вечната листа.

Португалецот до 107 победи стигна со екипите на Порто, Челси, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Тотенхем и Рома.

„Специјалниот“ успеа да ја освои Лигата на шампиони во 2004 година со Порто, а неколку години подоцна го повтори тоа и со Интер.