Мурињо уште не седна на клупата, а веќе размислува за промени во Рома


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Рома го изненади светот откако во вторник соопшти дека тренер на клубот од следната сезона ќе биде Жозе Мурињо.

Рома најпрво соопшти дека ќе си замине Пауло Фонсека, кој не ги исполни очекувањата на управата, а потоа објавија дека негова замена за Мурињо, кој потпиша договор до 2024 година.

Мурињо веќе реши да прави неколку промени во Рим. „Скај Италија“ објави дека од раководството на Рома побарал нов голман, напаѓач кој ќе биде замена за Един Џеко и уште еден фудбалер за врска.

Рома не е во можност на Мурињо да му донесе големи засилувања зашто клубот се наоѓа во финансиски проблеми, па останува да видиме за кои фудбалери ќе се реши Португалецот.