Мурињо: Веќе изморен сум од сè…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Жозе Мурињо беше разочарна по поразот од Севилја во финалето на Лига Европа, па даде изјава која ги загрижи навивачите на Рома.

Португалецот го загуби своето прво европско финале во кариерата, па Рома следната сезона нема да биде дел од Лигата на шампиони (ЛШ) и тоа не му се допаѓа на тренерот.

„Од понеделник сум на одмор, тоа е сигурно. Јас сакам да останам, но моите фудбалери заслужуваат повеќе. И јас заслужувам повеќе, сакам да се борам за поголеми успеси. Сакам да останам, но под услов да можам да остварам повеќе. Веќе сум изморен од сè, ќе видиме што ќе се случи“, кажа Мурињо.

За услугите на Мурињо во изминатиот период интерес покажа ПСЖ.