Мурињо за три години во Рим ќе добие огромно богатство!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Португалскиот стратег Жозе Мурињо повторно ќе работи во Италија, откако вчера Рома објави дека официјално го ангажирала да седне на кормилото од следната сезона.

Рома има финансиски проблеми и долг од 300 милиони евра, иако акциите на клубот се зголемија за 26 проценти откако пристигна Мурињо во Рим.

Меѓутоа, ниту финансиските проблеми не го спречија тимот од Рим да му понуди богат договор на Мурињо, кој потпиша соработка на три години со „Волчицата“.

Мурињо според договорот ќе заработува седум милиони евра годишно, односно за три сезони во Рим би добил 21 милион евра.

Ова не му е прв богат договор на Мурињо, зашто и во претходните клубови заработуваше многу пари, а плус добиваше и пари за отштета.