Муслиу ќе игра за германски второлигаш


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Висар Муслиу потпиша договор со Падерборн кој настапува во втората Бундеслига.

Овој 28-годишен стопер потпиша договор на две години со Падерборн и ќе се обиде да му помогне на тимот во битката за пласман во Бундеслигата.

„Висар е во најдобрите фудбалски години и е искусен играч. Веруваме дека како професионалец ќе даде стабилност во нашата екипа“, вели спортскиот директор Бенџамин Вебер.