Муслиу: Ваква шанса добивате еднаш во животот, ќе дадеме сè од себе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот дефанзивец Висар Муслиу одигра одличен меч против Италија, па ѝ помогна на Македонија со победата од 1-0 да избори меч против Португалија и да дојде на чекор до место на Мундијалот во Катар.

Муслиу кажа дека ваква шанса за пласман на Светското првенство (СП) се добива еднаш во животот и мора да се искористи.

„Поминаа емоциите, Италија останува во историјата и нашиот фокус е на Португалија. Ваква шанса се добива само еднаш и тоа значи дека мора да се потрудиме, ќе дадеме сè од себе за да испишеме историја“, кажа Муслиу.