Мустафи доби место во тимот деценијата на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Статистичкиот портал Whoscored го состави најдобриот тим на Арсенал во последната декада

Тимот е склопен од играчи кои минатата декада одиграле најмалку 70 натпревари за Топџиите во Премиер лигата и Лига на шампионите.

Многу од навивачите се изненадени со конечниот изглед на составот, бидејќи во него се наоѓа и германскиот стопер Шкодран Мустафи.

“Фактот дека Шкодран Мустафи доби место во екипата на Арсенал во последната деценија едноставно покажува колку тој клуб пропадна во таа деценија. Мустафи во просек добива повеќе воздушни дуели од било кој друг играч на Арсенал во тој тим, но готово во секој друг аспект не можеме да го сметаме како сигурен стопер”, пишува Whoscored.com.

Покрај Мустафи, тука се уште Петр Чех, Бакари Сања, Лорек Кошчелни, Томас Вермален, Санти Казорла, Алекс Сонг, Месут Озил, Робин Ван Перси и Алексис Санчез.