МЗТ Скопје се засили со нов Американец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


МЗТ Скопје пред неколку дена го продаде Тодрик Гочер во Грција, при што заработи 15.000 долари од трансферот, а сега екипата од Аеродром се засили со нов американски кошаркар, и тоа Доминез Барнет, кој доаѓа од рускиот клуб Цмоки.

Американецот од 2016 година настапува во Европа, а претходно бил дел од Девенпорт универзитетот во НЦАА-лигата. Тој играше уште за Пардубице, а потоа за Вентспилс, Универсо Тревисо и на крајот замина во Русија.

МЗТ го приклучи Американецот на останатите четири странци од тимот, односно Феми Олуџоби, ндрија Бојиќ, Хасани Гравет и Иван Карачиќ.