На Баерн му се повреди најдобриот фудбалер: Левандовски ќе паузира четири недели!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Баерн Минхен синоќа на гостувањето во Лондон кај Челси славеше со 3-0 во првиот осминафинален меч во Лигата на шампиони.

Германскиоот гигант со една нога е во четвртфиналето на натпреварувањето, а два гола во мечот против Челси постигна Серж Гнабри, додека конечните 3-0 ги постави Роберт Левандовски.

Баварците денеска дознаа ужасни вести, зашто синоќа по мечот на „Стемфорд бриџ“, Левандовски се пожалил на болки во коленото, па по прегледите било објавено дека ќе паузира четири недели.

Новинарот Кристијан Фалк ги следи случувањата во Минхен и тој прв ја објави информацијата за повредата на Левандовски, кој најверојатно ќе го пропушти реваншот против Челси на 18 март.