На Барселона и застана светот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барселона се врати на победничкиот колосек издвојувајќи победа над Виљареал со резултат од 2:1. Меѓутоа на Камп Ноу не беше се сјајно.

Каталонците повторно ги загрижи Лионел Меси за кој оваа сезона би можела да биде многу тешка сезона, првенствено поради физичките проблеми.

Аргентинецот вчера по прв пат беше стартер, но Ернесто Валверде мораше да го замени на полувремето што е додатна грижа за сите во каталонскиот клуб.

Каков статус во Барселона има актуелниот освојувач на ФИФА наградата за најдобар играч на светот зборува и изјавата на Валверде после натпреварот.

„Кога нешто ќе му се случи на Меси, светот застанува. Но не е ништо страшно и го заменив поради мерки на претпазливост“, изјави Валверде.

Меси денес го очекуваат нови прегледи. И како што сега стојат работите тој нема да се конкурира за лигашкиот натпревар против Гетафе, а во знак прашалик е и натпреварот во 2. Коло на Лигата на Шампионите против Интер.