На децата ќе им кажувам дека сум играл со Тоти


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Со трансферот во Јувентус, Миралем Пјаниќ, многу ги разочара фановите на Рома.
При одлуката Пјаниќ да замине од Рома и да премине во Јувентус преовладувала желбата за освојување трофеи, но престојот во главниот град и играњето со Франческо Тоти е нешто што тој ќе го памети целиот свој живот.

“Франческо Тоти е фудбалска легенда. Кога фудбалски бог како што е е тој ве прашува дали моѓе да го изведе слободниот удар, вие се вртите. Тој е играч поради кој луѓето доаѓаат на стадион”.

“Навистина ми беше чест што имав прилика да играм со Тоти. Ќе ми остане голем пријател и еден ден ќе има раскажувам на своите деца дека сме играле заедно. Кога ќе ја заврши кариерата многу ќе плачам, а морате да сфатите дека тој во Рим не е само идол, тој е скоро како Бог”– изјави Пјаниќ.