На Мацари му избега автобусот, па до Неапол се враќал со такси!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Валтер Мацари морал да се враќа со такси од Рим до Неапол по мечот меѓу Рома и Наполи затоа што му избегал клупскиот автобус.

Мацари долго време се задржал на прес-конференција по поразот од Рома, а автобусот со фудбалерите и останатите членови од стручниот штаб заминал и најверојатно го заборавиле Мацари.

Стратегот на Наполи морал да си фати такси за да стигне до неговиот дом, а му требале повеќе од два часа да стигне во Неапол.