На повидок неочекуван пресврт, Оле ги задржува играчите кои сите ги видоа надвор од Манчестер Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите во Англија пренесуваат дека Оле Гунар Солскјер е подготвен да зачува дел од играчите кои многумина веќе ги видоа надвор од клубот.

Според „ЕСПН“, Солскјер им кажал на Крис Смолинг и Маркос Рохо дека би можеле да останат во клубот и да се изборат за место во тимот затоа што на Манчестер Јунајтед му е тешко да пронајде нов дефанзивец.

Смолинг имаше одлична сезона во дресот на Рома, додека пак Рохо не се изнаигра по враќањето во Естудијантес како позајмен фудбалер.

Сепак,  норвешкиот стратег бил импресиониран од залагањето на Рохо на тренинзите по неговото враќање во Манчестер, па затоа оставил простор дека може да се смета на него.

За разлика од овие двајца играчи, на Фил Џонс и дефинитивно му било посочено дека нема да се смета на него и тој ќе си оди од клубот.