На Роналдо му „пукна филмот“, па турна противнички тренер (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо одигра уште еден очаен меч за Ал Наср во ремито против Ал Калеј (1-1) и така испушти шанса да го стигне Ал Итихад на врвот на табелата.

Фудбалерите на Ал Келај и тренерите сакаа да се фотографираат со Роналдо на теренот, но Португалецот се изнервира во еден момент и турна противнички тренер.

Иако португалскиот фудбалер претходно му го даде дресот на еден од фудбалерите, сепак очигледно му „пукна филмот“ затоа што го нападнаа противниците и го истури бесот врз тренерот.