На Роналдо му се заканува тужба од милијарда долари!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо се наоѓа пред можна тужба од САД поради влијание во промоцијата на најголемата берза на криптовалути во светот.

„Би-Би-Си“ пишува дека лицата кои го обвинуваат Роналдо, ќе бараат отштета од милијарда долари.

Во ноември 2022 година, „Бајненс“ ја најави својата прва КР7 колекција на „незаменливи токени“ во партнерство со Роналдо.

Познатиот португалски фудбалер во видео-снимката кажа дека за потенцијалните инвеститори тоа ќе биде „награда од навиавчите за поддршката која му ја даваат со години“.