Начо му носи три бода на Реал Мадрид за продолжување на битката со Атлетико! 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Атлетико Билбао во 37. коло од шпанската Ла Лига и остана на два бода негатива зад лидерот Атлетико Мадрид, кој беше подобар од Осасуна со 2-1.

„Кралевите“ беа подобар противник на теренот, иако Атлетик Билбао имаше свои шанси, но единствениот гол на мечот го постигна Начо во второто полувреме за триумф на Реал од 1-0.

Атлетико Мадрид губеше со 0-1 од Осасуна, но со пресврт и голот на Луис Суарз во последни моменти победи со 2-1.

Атлетико е прв со 83 бодови, по што следи Реал со 81, трета е Барселона со 76, а Севиља е на четврто место со 74.