Надал дојде во Париз, имаше тренинг, па веднаш се врати во Мајорка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал ги изненади сите кога ненадејно го напушти Париз и се врати во Мајорка, но медиумите откриваат дека тоа го направил поради приватни обврски.

Причина за неговото враќање во Мајорка е свадба на неговиот добар пријател од детството, па Надал не сакал да го пропушти настанот.

На социјалните мрежи се појави и фотографија на која Шпанецот позира во елегантно издание заедно со гостите.

Шпанецот следната недела ќе учествува на Мастерсот во Париз и тоа ќе биде прв негов турнир по повредата која ја заработи на Ју-Ес Опен.