Надал: Кирјос може да го освои било кој турнир!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Австралискиот тенисер Ник Кирјос се откажа од Јунајтед Купот затоа што планира да игра на првиот гренслем-турнир во сезоната, Австралијан опен.

Кирјос минатото лето играше финале на Вимблдон, а многумина го гледаат како еден од кандидатите за титула во Мелбурн.

Бранителот на титулата, Рафаел Надал, кој ќе игра на Јунајтед Купот, кажа дека Кирјос има квалитет да го освои било кој турнир.

„Знам дека не сака да игра на Ролан Гарос, меѓутоа мислам дека тоа е единствен турнир каде што не сака да се натпреварува, додека на останатите е еден од кандидатите за титула. Тој е во состојба да го освои било кој турнир“, вели Надал.