Надал му помогнал на Реал Мадрид да купи шпанска ѕвезда


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал е голем навивач на Реал Мадрид, а тој учествувал и во ангажманот на еден од фудбалерите на европскиот шампион.

Надал помогнал во ангажирање на Марко Асенсио, откако разговарал со шпанскиот фудбалер и го убедил да потпише за Реал, иако постоел интерес од Барселона.

Асенсио, сепак, ќе си замине од Мадрид следното лето, а наводно веќе потпишал преддоговор со каталонскиот гигант.

Шпанецот треба да стави потпис следното лето на договор на четири години, а засега не е познато колку пари ќе добива по сезона.

За шпанскиот фудбалер беа заинтересирани и Ливерпул, Арсенал, Манчестер јунајтед и Челси, но сепак Асенсио реши да остане во Реал до крајот на сезоната.