Надал по поразот во Синсинати: Не одиграв добро против Чориќ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал загуби во првото коло на турнирот во Синсинати од Борна Чориќ со 6-7, 6-4 и 3-6.

Надал кажа дека направи многу грешки за време на мечот против Чориќ, кој го запре Шпанецот на неговиот пат кон враќање на врвот на АТП-листата.

„Ова не беше мојот најдобар меч. Турнирот е тежок за мене, а се враќам и по лош период. Сепак, лесно го прифаќам поразот и му честитам на Борна за успехот и добриот натпревар“, кажа Шпанецот на прес-конференцијата.

Чориќ во следното коло ќе игра против уште еден шпански тенисер, а тоа е Роберто Баутиста Агут.