Надал се врати на терен и почна подготовки за Австралијан опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал тренираше во својата академија, откако по 10 дена излезе од карантин.

Надал по турнирот во Абу Даби дозна дека е заразен со ковид-19, поради што мораше да заврши во изолација.

Во меѓувреме тренираше во неговиот дом, а сега се врати и на терен, па шпанските медиуми најавија дека ќе игра во Австралија.

Првите натпревари најпрво ќе ги игра на турнир од серијата 250 во Мелбурн, кој почнува на 4 јануари, додека Австралијан опен е закажан од 17 јануари.

Надал во текот на кариерата успеа да слави и да го освои трофејот само еднаш на првиот гренслем-турнир во сезоната.