Надал за мистериозната болест: Нема лек, постојано чувствувам болки…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот шпански тенисер Рафаел Надал зборуваше за неговата болест која го мачи во последните години и му прави големи проблеми.

Новинарите во Мадрид забележаа болни гримаси на неговото лице во текот на мечот со Давид Гофан, па ги интересираше во каква состојба е неговото стапало.

„Чувствувам болки во стапалото, посебно по играње на тричасовен меч или долг тренинг. Имам повреда на стапалото за која нема лек. Тоа е дел од мојот живот и негативната страна“, вели Надал.

Шпанецот ја почуствувал болката во стапалото во далечната 2005 година, кога беше откриено дека има ретка Милер-Вајсова болест, која се појавува на средниот и задниот дел од стапалото.