Нагелсман му се налути на Сенегал зашто во повика Мане за СП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман кажа дека неговиот тим ќе ја следи ситуацијата на повредениот Садио Мане, кој без разлика на здравствената состојба беше повикан за Светското првенство (СП) во Катар.

Мане на средината на минатата недела се повреди против Вердер и мораше да ја напушти играта, а нема да биде во составот ниту за дуелот против Шалке.

Според првите прогнози, делува дека Мане не може да игра на Мундијалот, но селекторот Алиу Сисе го повика на конечниот список на патници за Катар.

Нагелсман смета дека овој случај не е завршен и тврди дека Мане не смее да игра ако не е целосно здрав.

„За 10 дена ќе направиме уште еден преглед за да видиме како се одвива рехабилитацијата. Разбирливо е тоа што Сенегал го сака неговиот настап, но ако е повреден, нема да игра“, вели Нагелсман.