Нагелсман сака фудбалерите да добијат микрофони за време на натпреварите!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман бара промени во светот на фудбалот. Тој сака фудбалерите да добијат микрофони за тренерите да можат полесно да комуницираат со секој од нив на теренот.

Нагелсман смета дека американскиот фудбал напредувал многу во однос на фудбалот и смета дека треба да ископираат некои работи од тој спорт.

„Фудбалот уште е многу традиционална игра, додека американскиот фудбал многу напредуваше. Кватербекот на теренот може да добие совети од тренерот и тоа е нешто што и на нас ни е потребно. Идеално би било играчите да носат микрофони и да можат да разговараат. На стадионите со публиката слабо се слуша, нема прекини и тренерот со играчите за тактиката може да разговара само на полувреме“, кажа Нагелсман.

Сепак малку е нереално да се очекува спроведување на идејата на Нагелсман во блиска иднина.