Нагелсман се жали: Не добив доволно време во Баерн Минхен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најталентираните тренери Јулијан Нагелсман не се задржа долго на кормилото на Баерн Минхен, односно остана помалку од две години и потоа беше заменет со Томас Тухел.

Нагелсман ја освои титулата, но во март минатата година доби отказ, а потоа Тухел го одбрани пехарот во драматична завршница.

По авантурата во Минхен, Нагелсман ја презема германската репрезентација, а за „Шпигел“ зборуваше за времето поминато во Баерн.

„Некои од клубовите им даваат време на тренерите, а потоа тоа им се исплати. Клоп освои прва титула по пет години, Гвардиола ја освои Лигата на шампиони по седум сезони, но мене не ми дадоа доволно време“, кажа Нагелсман.