Награда за добрите резултати: Болоња му нуди нов договор на Михајловиќ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот тренер Синиша Михајловиќ доби понуда за продолжување на договорот со Болоња, која пристигна по добрите резултати во Серија А.

Спортскиот директор на клубот Клаудио Фенучи кажа дека се задоволни од српскиот стратег и сакаат да остане на чело на екипата и во следните сезони.

„Ќе му понудиме договор на повеќе години на Михајловиќ. Тоа е наша желба и тој е во нашите планови. Сакаме долго да соработуваме со него“, кажа Фенучи.