Наинголан со искрен коментар: Се плашам за мојата жена


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Каљари, Раџа Наинголан призна дека стравува за неговата сопруга која боледува од рак и која  е во ризичната категорија на лица при евентуална зараза од коронавирусот.

Ковид-19 се уште беснее во Италија каде се регистрирани најголем број на жртви во светот.

„Коронавирусот е голем проблем, ние зборуваме само за тоа. Ги избегнуваме болниците. Се надеваме дека се ќе заврши брзо затоа што таа има слаб имунолошки систем. Затоа избегнува болници. Тие имаат листа и ќе ни кажат кога може да оди следно. Сега кога одам на пазарење постои ризик да го закачам вирусот. Кога ќе одам дома се плашам дека можам да и го пренесам, но јас сум внимателени мислам дека се оди добро. Веќе поминавме низ најтешкиот период, работите одат во вистинска насока“ –изјави Наинголан.