Најбизарното откажување во Ф1: Алонсо мораше да ја заврши трката поради – фолија од сендвич!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во неделата почна новата сезона во Формула 1, а победник на трката за Големата награда на Бахреин беше Луис Хамилтон.

По две години во Ф1 се врати и Фернандо Алонсо, кој вози за Алпине, но немаше причини за славје затоа што мораше да се откаже од трката.

Алонсо доби информација од боксот дека мора да ја заврши трката затоа што неговите задни сопирачки прегреваат и ќе прекинат да функционираат.

„Имавме проблем при второто застанување во бокс затоа што нешто се заглави во сопирачките, кои прегреаа. На крајот откривме дека тоа е фолија од сендвич поради кои моравме да се откажеме од трката“, кажа директорот на тимот.