Најдобриот фудбалер од Првата лига се сели во Турција?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Академија Пандев, Мартин Мирчевски имаше одлична полусезона во македонската Прва лига, па во јануари би можел да се пресели во Турција.

Маниса покажала голем интерес за талентираниот македонски фудбалер, а според турските медиуми веќе биле почнати преговорите за можен трансфер.

Академија Пандев не би можела да го задржи Мирчевски доколку пристигне некоја примамлива понуда, па најверојатно тој ќе игра од следната година во турскиот шампионат.

Мирчевски имаше одлична полусезона во Првата лига и за Академија Пандев постигна 16 гола на 18 дуели.